26Окт
Услуги
Основната цел на компанијата е на клиентите да им понуди зголемување на обемот и квалитетот на електронските плаќања со картички, оставајќи им на банките и другите организации време и простор за нивната основна дејност.
- Switching (routing) на авторизации кон други банки или процесори иницирани на CaSys International мрежата на банкомати и ПОС-ови од картички (MasterCard, Visa, домашни) издадени од домашни или странски банки;
- Услуги за е-трговија – поддршка на портал за плаќање
- Следење и спречување на измами
- Управување со банкомати и ПОС терминали
- СМС известувања
- Расчистување и порамнување на трансакции
- Персонализирање на платежни картички – магнетна лента, чип, бесконтактно, уреди за носење (налепници и мини-ознаки)
- Генерирање и печатење на PIN
- ACS услуги – поддршка за 1.0 и 2.0 протоколи
- MC/Visa ATM DCC, надоместок за пристап до банкомат, функционалност за готовина/рециклирање банкомат, ажурирање на мобилен телефон на банкомат
- Централизиран систем за плаќање сметки
- Веб сервис
- Контакт центар 24/7
Издавање на картички
CaSys издава различни видови картички: дебитни картички, кредитни (charge и revolving) картички и приватни картички.
Овие услуги опфаќаат управување со картички и сметки на картички, параметри на картички за авторизација и други системи за издавање:
- Персонализација на чипови – контактни и безконтактни
- Institution configuration
- Регистрација на апликација за картичка користејќи претходно дефиниран формат на датотека
- Персонализација на картичката и генерирање/печатење на PIN
- Управување со картички и сметки, клиринг
- Размена на претходно дефиниран формат на датотека
Прифаќање на картички
- Управување и одржување на АТМ/ПОС мрежата;
- Поврзување со меґународните мрежи (MasterCard и Visa);
- Процесирање на трансакции што резултира со креирање фајлови за клиринг со кои банките ги ажурираат сметките на трговците;
- Payment portal за потребите на e-commerce.
Персонализација
Од аспект на персонализација на картичките и генерирањето на ПИН-овите CaSys International нуди:
Персонализација на картичките, односно обработка на апликациите од имателите на картички;
- Генерирање на сигурносни параметри за картичките;
- Печатење со ковертирање на ПИН-от;
- Печатење на лого на банката на картичките;
- Печатење на картичките;
- Ковертирање на картичките.
Типови
картички
Kартички со магнетна лента;
- Kартички со чип;
- Xибридни картички (со магнетна лента и со чип).
Картички со бренд имиња
- MasterCard >> MasterCard Classic / MasterCard Business / MasterCard Gold
- Visa >> Visa Electron / Visa Classic / Visa Business / Visa Gold
- Diners Cards
Небрендирани картички
- Proprietаry картички на банки;
- Loyalty картички;
- Приватни картички издадени од нефинансиски организации.
Дежурен центар
Опфаќа 24-часовен режим за давање помош, информации на иматели на картички, трговци и oвластени лица од Банката на македонски и на англиски јазик.
- Оперативни постапки со ПОС-терминал – информации на трговци;
- Локација на АТМ-и;
- Оперативни постапки со АТМ-и -информации за овластен персонал на банката;
- Постапка во случај на заборавен ПИН;
- Мониторинг на MasterCard/Visa-конекција;
- Блокирање и деблокирање на картички по барање на клиенти или овластени лица од банка;
- Овозможена услуга за говорна авторизација од трговци кои немаат ПОС-уреди;
- Рекламации за проблеми на клиенти за што се известува банката.
Најнови вести
Сигурен партнер во индустријата
25Сеп