Топ 3 карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот процесор за плаќања

Влегувате во светот на електронската трговија и решението за вашата е-продавница е готово?

Следен чекор е изборот на процесор за плаќања и интеграцијата. Потребен ви е процесор кој ќе ви овозможи раст и развој на вашиот бизнис, бебедност за вашите купувачи и едноставно искуство за купувачот при плаќање.

Што всушност прави процесорот?
Процесорот врши обработка и авторизација на плаќањата за вашата онлајн продавница во неколку чекори. Поедноставено тоа би изгледало вака:

1. Ги потврдува информациите за наплата на клиентот, т.е. деталите за платежната картичка.

2. Го управува процесот за автентикација на купувачот со еднократна лозинка на смс или биометрија

3. Ја испраќа трансакцијата до банката на купувачот преку меѓународните картични мрежи за проверка дали износнот е достапен на сметката на купувачот

4. Испраќа одговор до веб страната на трговецот за исходот од проверките, односно дали трансакцијата е одобрена или одбиена од банката на купувачот

5. Испраќа информации за извшените плаќања/трансакции до Вашата страна и до Вашата банка и до меѓународните картични мрежи како Вие во наскор рок ќе ги добиете парите на Вашата трговска банкарска сметка.

Сите овие чекори треба да се енкриптирани и се одвиваат на серверот на процесорот и инфраструктурата со кој тој е поврзан со банките, други процесор и меѓународни картични шеми како Мастеркард, Виза, Дајнерс. Процесорот треба да ви гарантира безбедност на сите чувствителни податоци за банкарската сметка или картичка на вашиот клиент.

Изборот на процесор е далеку полесен ако знаете што да барате во партнерот кој ќе ги извршува сите трансакции. Трите најважни карактеристики се безбедност, широки можности и лесна интеграција.

Врвна безбедност

Кога станува збор за безбедноста, тука нема простор за компромис. Секој процесор за плаќање што вреди, ќе се погрижи да ги заштити вашите клиенти со целосна усогласеност со Стандардите за безбедност на податоци во индустријата за платежни картички и Стандардите за безбедност на лични податоци.

Оваа усогласеност осигурува дека вашите плаќања се обработуваат преку ексклузивни и безбедни канали, за да финансиските и личните податоци на вашите клиенти се чуваат безбедни во секое време.

Одвојте доволно време да разговарате со вашата банка и со службениците од процесорот за безбедноста пред да се регистрирате за нивните услуги. На овој начин однапред го заштитувате вашиот бизнис. Сакате процесор во кој вашите купувачи ќе имаат доверба и ќе знаат дека податоците им се сигурни во секое време.

Да не одиме подалеку од дома, македонскиот систем за е-трговија cPay на процесорот КаСис, користи најсовремена технологија за безбедност и има Сертификат за безбедност PCI.

Со вклучувањето на дополнителни начини на плаќање се користат и други безбедносни карактеристики како што се автентикација со еднократна лозинка, безбедност на транспортниот слој (TLS) и токенизација на податоците на картичката.

Конечно за да бидете сигурни дека сте го избрале вистинскиот процесор, погледнете кои се неговите партнери – ако работи со Visa и Mastercard, го правите вистинскиот избор затоа што овие две компании имаат строги протоколи и барања во однос на безбедноста кои мора да се почитуваат.

Широки можности

Ограничувањата во е-трговијата не се популарни. Луѓето сакаат едноставно, лесно и безбедно искуство при купувањето и затоа е важно да изберете процесор кој нема да ги збунува, оптеретува купувачите и ќе пружа многу можности.

Важно ви е да можете да продавате во целиот свет. Можеби бизнисот ви е локален, но зошто на старт да си ги скратите крилјата и да си ги ограничите можностите за раст, развој и ширење на пазарите. Изберете процесор кој овозможува едноставно и брзо прифаќање на платежни картички од целиот свет.

Дајте им на вашите купувачи можности за плаќање на рати, за повторувачки (recurring) плаќања – subscription, плаќање со еден клик со зачувана картичка (card-on-file), како и опција за враќање на средствата доколку производот не пристигне до купувачот (сторно на трансакција). Сите овие опции ќе ве направат популарен е-трговец од кој купувачите сакаат да купуваат и му веруваат.

Информациите од анализата на корисничкото искуство на трговците кои го користат Cpay говорат дека трговците претпочитаат систем кој е едноставен, прегледен и им штеди време. Бараат партнерски процесор кој ќе им дава 24 часа поддршка и лесен увид до сите плаќања во реално време. Замислете колку време се заштедува ако сите трансакции можете да ги најдете на едно место во „Листа на мои плаќања“ до која имате пристап во секое време.

Ефикасна интеграција
Интеграцијата на Вашата веб страна со системот за е-трговија на процесорот не смеете да ја занемарите.

Корисниците на системот за е-трговија Cpay на единствениот македонски процесор велат дека брзата и едноставна интеграција со iFrame, redirect, API се меѓу клучните причини за нивниот избор. Распрашајте се во вашата банка за поддршката што ја нудат при процесот на интеграција, како и кај други трговци за нивното исуство. 60% од македонските е-трговци го користат Cpay, меѓу другото, поради едноставната интеграција и комплетната поддршка на секој чекор.

Текстот е преземен во целост од ЦрноБело.