Најновите трендови во платежните и финансиските услуги на втората EPWN регионална конференција во Сараево на 13.05.2024

Скопје, 07.05.2024. Постојаните технолошки иновации, дигиталните средства и сопствености, виртуелните светови и дигиталните пазари ја имаат клучната улога во обликувањето на нашата иднина, нудејќи истовремено бројни можности да создаваме одржлив и инклузивен свет со нови начини на интеракција, работење и развивање на заедницата,  свет во кој границите избледуваат и бариерите се рушат. Токму затоа Европската платформа која поврзува експерти и лидери во индустријата на платежните и финансискитте услуги и особено се залага за инклузивност на жените (European Woman Payment Network) ја најавува својата втора регионална финтек конференција која ќе се одржува на 13 мај во Сараево на тема „Регулаторите, банките и финтек компаниите заедно ги поместуваат границите“ истакнувајќи ја заедничката цел кон иновациите кои овозможуваат создавање на оджлив и инклузивен свет, додека истовремено се препознаваат и адресираат ризиците.   
На првиот од вкупно четирите панели на конференцијата наречен „Лидери во иновациите на платежните системи во ЈИЕ“ ќе говори и Филомена Пљаковска Аспровска, претседателка на Управниот одбор и извршна директорка на Касис АД Скопје, која ќе ја сподели својата експертиза за актуeлнитe и новите технологии и трендови во плаќањата, промените кои не’ очекуваат, како и за предизвиците на патот кон значајни иновации за жените лидери во платежните услуги.

„Особена чест ми причинува што повторно сум дел од регионалната конференценција на EWPN која го истакнува женското лидерство во иновациите во платежните системи, и на која со здружени сили и преку дијалог придонесуваме за поставување на темелите на идните иновации кои ќе ја обликуваат иднината на индустријата на платежни и финансиски услуги“, изјави Филомена Пљаковска Аспровска.  

Целта на оваа конференција е да ги собере клучните актери од бизнисот, банките и државните институции и да им даде можност за размена на идеи, искуства и најдобри практики. Покрај Пљаковска Аспровска, збор ќе имаат и проф. д-р. Јасмина Селимовиќ, гувернер на Централната банка на Босна и Херцеговина, Јелена Сретеновиќ, директор на Mastercard за пазарите во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Панајотис Кријарис, глобален експерт за отворено банкарство, проф. д-р. Санела Пашиќ, член на Надзорниот одбор во Адико банка и ко-основач на менторска мрежа за жени во Босна и Херцеговина, како и многу други еминентни експерти кои ќе го споделат своето знаење и искуство. Одлична можност за сите учесници да ги прошират своите мрежи, да воспостават нови контакти и да најдат можни партнери за идни проекти. Преку заедничка работа и дијалог, една од целите на конференцијата исто така  е да ги постави основите за идните иновации кои ќе ја обликуваат индустријата за плаќања и финансиски услуги.

Мерима Махмутовиќ, извршната директорка на EWPN, ја нагласува важноста на конференцијата и нејзиниот придонес во регионот: „Оваа конференција ја организираме благодарение на посветената работа на сите волонтери од сите земји од овој регион, кои се остварени лидери во индустријата. Изразената страст за развој на иновативни платежни услуги во комбинација со побарувачката на пазарот за актуелни теми ни даде дополнителен поттик и мотив да го инвестираме слободното време и да придонесеме за промоција на градот, државата и сите експерти од оваа област кои сигурно може сериозно да се натпреварува со најдобрите светски практики “.

 

КаСис АД Скопје се вбројува меѓу Сребрените спонзори (Silver Sponsor) кои ја овозможија оваа Конференција, која претставува важен чекор кон зајакнување на регионалната соработка во областа на финансиските технологии и платните системи. Заедничките напори придонесуваат за развој на пазар кој е издржлив, иновативен и ориентиран кон иднината, од корист не само на деловниот сектор, туку и на пошироката заедница.