Секому се случува да го промени мобилниот број, можеби е нов оператор во прашање или едноставно нов почеток. И сето тоа е во ред, но многу е важно вашата банка веднаш да ја добие таа информација за да може да продолжи непречено да ви испраќа известувања за вашите трансакции, да ви праќа кодови за онлајн плаќања, да добивате е-сметки, впрочем за целата ваша интеракција со банката која се одвива на дневна основа.
Добрата вест е дека сега можете сами да го ажурирате мобилниот број, брзо, лесно и директно на банкомат.
Благодарение на услугата Ажурирање на мобилен телефонски број преку АТМ, веќе не е потребно да одите во најблиската филијала на банката и да чекате на шалтер, или пак да пополнувате формулари само за да го промените телефонски број во системот на банката. Доволно е да ја внесете вашата картичка на банкомат, да го изберете менито за проверка на моб.број и да го впишете новиот. Готово.
Зошто оваа услуга е вистински upgrade на секојдневието?
Услугата е повеќе од добродојдена во ситуации кога ви треба пристап до дигиталните банкарски услуги, а сфаќате дека ОТЦ кодот за 3D Secure безбедносни плаќања на интернет ќе се прати на стариот број. Истото важи и за непречена функционалност за другите услуги на банката, како смс нотификациите кои ги добивате за сите ваши трансакции, но и за неуспешните обиди за наплата, што е особено важно ако некој се обидува да ја злоупотреби вашата картичка. Потребно е само да отидете до најблискиот банкомат и проблемот ќе е решен за помалку од една минута.
- Без непотребно чекање во ред во филијала
- Ажурирањето е моментално и автоматски влегува во системот на банката
- Услугата е достапна 24/7 на банкомат
- Промената се врши сигурно и самостојно, со вашата картичка и PIN кодот
- Совршено за сите кои се во движење или немаат време за административни обврски
Фокус на доверба и сигурност
Услугата Ажурирање на мобилен телефонски број преку АТМ не е само практична, туку е и целосно усогласена со највисоките безбедносни стандарди во банкарството. Вашиот број се менува исклучиво со користење на вашата картичка и PIN, исто како да подигнувате пари или вршите трансакција.
Нема ризик од злоупотреба или погрешна регистрација, бидејќи вие лично го впишувате бројот, и тоа го правите директно во системот. Поради зголемени безбедносни протоколи при синхронизација на вашите податоци во базата на податоци на банката, со базата на податоци на КаСис, вашиот ажуриран телефонски број станува активен наредниот ден.
А кога имате сигурен и ажуриран број, знаете дека секое известување, СМС-код или важна порака од банката ќе стигне точно каде што треба. Тоа значи поголема контрола, помал ризик, и чувство дека секогаш сте во тек со вашите финансии, било да сте на одмор, на работа или дома со шолја кафе.
Мал чекор за вас, големо олеснување за иднината
Без точен мобилен број, не можете да добивате еднократни кодови за верификација, потврди за плаќања, нотификации за трансакции или за други услуги и информации од банката. Услугата, за своите партнерски банки ја обезбедува КаСис АД Скопје, независниот процесор за картични плаќања, а вам ви останува да проверите дали вашата банка ја нуди на своите банкомати. Следниот пат кога ќе бидете во близина на еден, ажурирајте си ги податоците. Брзо, едноставно и сигурно.