Продажба на социјалните мрежи – тренд во 2025

Социјалните медиуми се трансформираат од платформи за споделување и комуникација во силни алатки за е-трговија, што го прави трендот на продажба преку социјални мрежи еден од водечките во 2025 година. Оваа еволуција е поттикната од зголеменото вклучување на алгоритми кои се базираат на вештачка интелигенција за персонализирано препорачување на производи, како и од имплементацијата на интегрирани опции за плаќање кои овозможуваат купување без напуштање на социјалните платформи. Ова не само што ја зголемува удобноста за корисниците, туку и значително ја зголемува конверзијата од гледачи во купувачи, отворајќи нови можности за брендовите да ги засилат своите стратегии за продажба.

Покрај тоа, социјалните медиуми овозможуваат директна интеракција со потрошувачите, што ги прави идеална сцена за развој на доверба и лојалност. Употребата на иновативни функции како што се живите (live) преноси за промовирање на производите во реално време и моќта на инфлуенсерите, создаваат перфектни услови за продажба директно на социјалните платформи. Експертите за дигитален маркетинг предвидуваат дека еден од трендовите во 2025 година сигурно ќе биде т.н, social selling и социјалните мрежи стануваат круцијален дел од комерцијалниот пејзаж, овозможувајќи брендовите да се поврзат но и да им продаваат на своите клиенти на повеќе иновативни и ефикасни начини.

 

Дали платежните услуги го следат трендот?

Ако имате мал бизнис, цртате уметнички слики, изработувате накит, креирате и дизајнирате веб страна, создавате рачно изработени модни аксесоари нудите интелектуални услуги или најразлични производи кои ги пласирате на вашите социјални мрежи сега можете веднаш да ги продадете и наплатите од купувачите, користејќи ја револуционерната услуга за плаќање Pay by Link која благодарение на КаСис од неодамна е достапна и кај нас. Станува збор за идеално платежно решение за сите  фриленсери, трговци поединци и мали/микро бизниси кои сакаат брзо, лесно и безбедно, да прифаќаат плаќања од своите купувачи со еден клик, без разлика каде тие да се наоѓаат и без потреба за сложени процедури, инвестирање во веб продавници или физички терминали.

Како да ја користите услугата Pay by Link?

Прв чекор е да ја побарате услугата од вашата банка. Потоа едноставно креирате ваш профил на платформата cPay.com.mk, со што ќе добиете пристап до услугата Pay by Link каде ќе можете да креирате единствен, персонализиран линк за плаќање, да ја внесете сумата за наплата и да го испратите линкот до клиентот преку кој било канал на комуникација – СМС, вибер, социјални мрежи, е-маил, WhatApp и др.

По кликнувањето линкот ќе го однесе купувачот до страница за наплата каде тој само ќе ги внесе своите податоци за да ја комплетира трансакцијата. Оваа услуга е интуитивна и брза, што ја прави одличен избор за фриленсери, мали и микро бизниси, но и за претприемачи кои бараат едноставни решенија за наплата.

Гарантирана безбедност при плаќања со Pay by Link

Безбедноста на дигиталните плаќања е приоритет број еден во услови кога бројот на онлајн трансакции вртоглаво расте, а светот сé повеќе се дигитализира. Купувачите сакаат да бидат сигурни дека, при дигиталните плаќања нивните лични и финансиски податоци се заштитени од измами и неовластен пристап.

Кога се работи за Pay by Link, КаСис гарантира дека плаќањата се во целост безбедни, а самата услуга интегрирана според највисоките стандарди за безбедност во е-трговијата, вклучувајќи го PCI DSS сертификатот кој е највисокиот безбедносен стандард во индустријата за обработка на платежни податоци и примена на 3D Secure автентикација, која дополнително ја зајакнува заштитата, обезбедувајќи дека секое плаќање е безбедно и дека се користат дополнителни слоеви на проверка при плаќањата.

Pay by Link услугата е важен чекор кон модернизацијата на платежните процеси, но и кон зголемена ефикасност и сигурност при е-плаќањата. Ова иновативно платежно решение е наменето да ги оптимизира плаќањата на фриленсерите, микро и малите бизниси и претприемачите.