Испрати пари само со телефонски број – лесно, брзо и без граници

Замислете ситуација: Пријател од странство ви праќа порака „Слетувам во петок. Купи ми карта за концертот во сабота, ќе ти префрлам пари веднаш.“ И навистина, веднаш ви стига нотификација дека износот ви е на сметка. Се прашувате како, бидејќи знаете дека не сте во иста банка?!

Сега, доволен е само телефонскиот број за да можете да примате пари од пријател, член од семејството, колега или кој било, без разлика во која банка се тие и дали се во Македонија или во странство.

Како функционира оваа услуга?

Овој дигитален трик, овозможен преку партнерските банки на КаСис, е новото тајно оружје за разни и чести ситуации кое функционира на едноставен принцип. За да ја користите услугата Плати на пријател само со телефонски број, доволно е вашиот телефонски број да биде регистриран како Алиас (Alias) во вашата банка. Откако тоа ќе го сторите, системот автоматски ве препознава како примач, овозможувајќи моментален трансфер од картичка на картичка – без грешки и без чекање.

Ова значи дека нема повеќе внесување долги броеви на сметки, нема конфузија дали трансферот ќе „заглави“. Праќањето пари стана лично, директно и интуитивно, исто како да праќате порака.

Кога и зошто оваа услуга ќе ви користи?

  • Кога делите сметка во ресторан со пријатели од различни банки
  • Кога сакате да платите за роденденски подарок или да вратите позајмица
  • Кога праќате пари на дете што студира во странство
  • Кога родителите ти префрлаат средства за ситни трошоци
  • Кога наплаќате за услуга или хонорар од клиент кој користи друга банка

Всушност, оваа нова услуга е добредојдена за сите генерации и стилови на живот. Младите ја обожаваат брзината и фактот дека повеќе нема пролонгирање на поради сметки во различни банки . Родителите се чувствуваат посмирени, затоа што секогаш можат да притрчаат со финансиска помош, без разлика каде се нивните деца. За вработените и фриленсерите сега е многу полесно да си разменуваат средства за заеднички проекти или ситни услуги. Секојдневните финансии се уште повеќе поедноставени од кога било досега.

Брзо, сигурно, лесно и секогаш при рака

Најдобриот дел е што сè се одвива во рамки на вашето постоечко мобилно банкарство. Нема нови апликации, нема комплицирани процедури, туку банките ја вградија оваа функционалност директно во сопствените апликации, благодарение на технолошката поддршка од КаСис, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички. Трансферот се одвива безбедно, преку банкарските системи, со највисоки стандарди на заштита, исто како и секое друго плаќање со картичка. Разликата е во тоа што сега доволен е телефонскиот број на примачот (или бројот на неговата картичка) и неколку допири по екранот.

Подготвени за нов начин на плаќање?

Услугата Плати на пријател само со телефонски број веќе е достапна во мобилните апликации на партнерските банки на КаСис. Сè што треба е да го регистрирате својот број како Алиас во вашата банка и подготвени сте за наједноставните трансфери досега.

Со воведувањето ова иновативно решение, се надминуваат не само техничките ограничувања меѓу банките, туку и географските бариери, бидејќи трансферот на средства повеќе не зависи од тоа каде се наоѓа примачот или во која банка има сметка. На тој начин, финансиските трансакции стануваат значително поблиски, побрзи и интуитивни, природно вклопени во секојдневниот начин на комуникација и живеење.