E-commerce инженер

CaSys нуди динамична и технолошки напредна работна околина, во која вработените се фокусирани на резултати и имаат можност за професионален развој. Нашиот тим од експерти ја предводи платежната картична индустрија благодарение на своето искуство, иновативност и амбициозност. Посветено работиме да обезбедиме највисок квалитет на услуги и екпертиза за нашите клиенти.

За нашиот растечки тим, бараме E-commerce Инженер на систем за процесирање на плаќања, со или без работно искуство, кој ќе го даде својот придонес во надгледување, одржување и тестирање на системите за процесирање на дигитални плаќања.


Кои ќе бидат Вашите задачи:

  • Креирање и извршување на мануелни тестови за потврда на функционалноста на сервисите на системот за електронска трговија cPay, вклучувајќи го процесот на 3DS2 автентикација преку меѓународните мрежи Mastercard/VISA и банките издавачи на картичката.
  • Идентификување, репортирање и следење на дефекти кои биле забележани за време на тестирањето
  • Спроведување на дневни процедури за следење на системските процеси и ресурси
  • Комуникација со e-commerce трговци, анализа и и разрешување спорни трансакции
  • Поддршка при конфигурација и параметризирање на системот, мануелно и функционално тестирање на нови верзии
  • Водење прецизна и детална документација од тестирање на сервиси и на процедури, ажурирање на постоечка техничка документација
  • Соработка со други тимови за разрешување на проблеми и подобрување на квалитетот на системот и услугите

Кој сте Вие:

  • Заинтересирани за нови технологии, уживате во следење на новите трендови во индустријата за дигитални плаќања и сте заинтересирани да научите повеќе
  • Отворена и комуникативна личност, способност за работа во тим, но и превземање за сопствена одговорност и проактивност во работата
  • Имате солидни технички и аналитички вештини, желба за континуирано учење и усовршување
  • Познавање на англиски јазик на напредно ниво
  • Работно искуство со платежни системи ќе се смета за предност

Што ќе добиете:

Ова е одлична можност за Вас да се придружите на компанија која е лидер во платежната индустрија, да го градите вашиот кариерен пат и да стекнувате вештини преку користење на иновативни алатки и технолошки решенија. Ќе растете, ќе се развивате и ќе бидете дел од неверојатен тим на професионалци. Нудиме флексибилни услови за работа и компететивен пакет на плата и бенефиции за вработените.

Доколку сметате дека сакате да ни се придружите, испратете го вашето CV на contact@casys.com.mk и со задоволство ќе ве контактираме.

КаСис АД замолува во Вашите апликации да не доставувате чувствителни податоци како националност, вероисповест и детали за приватниот живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју.