Трендовите кои изминативе години влегоа на голема врата и кај нас (Black Friday и Cyber Monday) направија вистинска шопинг еуфорија која е само почеток на онаа класична декемвриска треска на купување. Од новогодишни подароци, па сè до облека, играчки, украси и што уште не, листата каде се треба да помине нашата картичка изгледа бескрајна. И доколку порано се уживаше во бескрајното шетање низ продавници, денес, особено со се поголемиот замав на е-продавниците, полека се наметнува навиката да се купува онлајн. За да може да спиете со мирна глава и безбедно да го добиете она што сте го купиле, потребно е да бидете внимателни, без разлика дали купувате онлајн или со физичко присуство. Сепак, денес и традиционалното купување не е толку традиционално имајќи го предвид фактот дека најголем дел од картичките се безконтактни, а младите се повеќе го линкуваат својот паметен телефон со банкарската картичка, па неретко истиот го користат за плаќање. Постојат ситуации кога невнимателноста може да нѐ чини нерви и пари, па затоа од Интернационален картичен Систем АД – КаСис советуваат како да се намали ризикот при плаќање онлајн, а вие да можете слободно да пазарувате!
- Не кликнувајте веднаш на ликот за неверојатен попуст кој го добивте преку е – пошта. Лесно може да се излажете кога за долго посакуваниот производ ќе ви стигне порака на е-поштата дека е на 80% попуст. Внимавајте пред да кликнете на линковите што ги добивате од непознати веб-локации. Тоа би можело да биде „фишинг“ шема, каде што купувачите кои кликнуваат се доведуваат до лажна страница развиена за да им ги украдат податоците. Ако зделката изгледа премногу добара за да се пропушти, внесете го името на веб-локацијата рачно во вашиот прелистувач.
- Шопинг преку мобилна апликација – проверете дали вашите апликации се преземени од доверлив извор, како што се Android Market, Apple App Store или Amazon App Store. Кога ќе ја преземете апликацијата, истата ќе бара разни „дозволи“. Задолжително прочитајте ги и бидете сигурни дали имаат смисла… на пример, дали на апликацијата за купување и е потребен пристап до вашата листа со контакти? Друг начин за проверка на безбедноста на апликациите е да ги прочитате повратните информации во делот за коментари на пазарот и да изберете апликации со висока оцена. Најбезбедна опција е да се држите до проверените апликации кои на самиот (проверен!)веб сајт на брендот ве носат до линкот за преземање.
- Дома е најсигурно… за безбедно онлајн пазарење. Запомнете, безбедна мрежна врска – како онаа во повеќето домови или работни места – е идеална. Јавниот Wi-Fi може да биде хакиран од некој со соодветни алатки, откривајќи ги вашите лозинки, информации за наплата и други чувствителни податоци. Затоа, ако користите јавна врска, најдобро е да се ограничите само на разгледување и споредување на цените, наместо да купувате.
- Верувајте само на енкриптирани веб-продавници -Не сите страници за е-трговија обезбедуваат идеални услови за безбедно купување преку интернет. Важно е да го ограничите купувањето на енкриптирани веб-продавници и да извршувате трансакции само кога сте на доверлива WiFi мрежа. Проверете дали на URL лентата се појавува симбол „катанче, “ како и до името на вашата WiFi мрежа. Доколку при трансакцијата се отвори прозорчето на CPay, бидете сигурни дека вашите податоци се на безбедно! Следењето на овие чекори е најдобриот начин да се осигурате дека вашите лични информации се пренесуваат на најбезбеден можен начин.
- Заштитете ги вашите лични податоци – Нормално е онлајн трговците да бараат дополнителни детали и преференции за да го направат вашето шопинг искуство поперсонализирано. Меѓутоа, ако бараат премногу информации – како на пример вашиот матичен број, тогаш можеби и не сте на вистинското место на кое треба да купувате.
- Дополнителна безбедносна проверка никогаш не штети – Обрнете внимание, при плаќањето на интернет, какви безбедносни механизми ви се нудат. Секогаш е побезбедно да купувате кај трговци кои имаат имплементирано дополнителен механизам за автентификација кој подразбира да добиете еднократна лозинка / код во порака на вашиот мобилен телефон за да се потврди дека картичката со која се плаќа е во рацете на вистинскиот сопственик. Секако имајте предвид дека за да ги користите поволностите на овој дополнителен безбедносен протокол важно е и вашата банка да го има имплементирано овој механизам за автентификација.
- Внимавајте на лимитот на безконтактно плаќање – секогаш бидете сигурни лимитот за безконтактно плаќање да биде на минимум и при секоја трансакција над определената сума како дополнителна безбедност да внесете пин код. Ова важи и за картичките кои ги поврзувате со вашите паметни телефони. Колку е помал лимитот толку е помала шансата за ризик
- Кога ќе завршите со купување исклучете ја опцијата NFC– ова се однесува кога купувате со физичко присуство, а за плаќање го користите паметниот телефон на кој ви е линкувана картичката. Покрај лозинките кои се потребни за да се влезе во конкретната апликација или Wallet за плаќање, истото не може да се изврши доколку NFC опцијата на вашиот телефон е исклучена. Токму затоа, за поголема безбедност кога не купувате истата нека биде исклучена!
Попустите се во полн ек, а новогодишната еуфоријата полека се приближува.
Купувате безбедно и без грижи