Плаќањето со картичка денес е како да земаме здив – го правиме без да размислуваме. Купуваме утринско кафе, полниме гориво, нарачуваме книга онлајн или плаќаме сметка за струја. Сè трае неколку секунди.
Секој пат кога ја допирате картичката на ПОС-терминал или внесувате податоци онлајн, во позадина се активира сложена мрежа од технологии и безбедносни протоколи. Таа невидлива, но моќна инфраструктура се грижи вашата трансакција да помине за неколку секунди – без грешка, без ризик и без прекин. Иако никогаш не ја гледате, таа е тука секој ден. Тоа е светот во кој работи КаСис – единствениот сертифициран картичен процесор во Македонија, кој секојдневно ги движи илјадниците плаќања во продавници, банкомати, онлајн кошнички итн.
Тивок партнер за секој ваш ден
Корисниците на платежните картички не мора да ја знаат сложената технологија зад секоја трансакција, туку доволно е да знаат само едно: нивните пари и податоци се во сигурни раце. Зад секое „потврди“ или внесен број стои силна заштита, брза обработка и непрекината поддршка, која се заснова на следниве основни столбови, за да вие можете секогаш да плаќате без грижи.
- Сигурност – секое плаќање поминува низ повеќеслојна заштита со највисоки меѓународни безбедносни стандарди.
- Брзина – трансакцијата е завршена за миг, затоа што вашето време е драгоцено.
- Доверба – без разлика дали купувате билет за концерт, полните гориво или плаќате кафе, можете да сметате дека системот секогаш работи беспрекорно.
Купувањата од интернет се толку едноставни за купувачите, но првата помисла е секогаш сигурноста на вашите средства и лични податоци. Секој пат кога за финално плаќање потребно е да внесете динамички код за една употреба, што претставува значителна заштита на податоците и вашите средства, во голем број на случаи позади овој безбедносен чекор се сервисите на КаСис. cPay платформата нуди целосни решенија за прифаќање на безбедни онлајн плаќања преку своите модули за клиенти, трговци и банки, обезбедувајќи брза, сигурна и едноставна обработка на трансакции во секое време и од било каде.
Професионалност што не се гледа, ама се чувствува
Денес времето и спокојот се најскапи, а кога технологијата работи беспрекорно, таа станува невидлива. Токму тоа е најголемиот комплимент за КаСис, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, кој не е само технолошки оператор, туку тим од професионалци кој работи според највисоки меѓународни стандарди за безбедност и квалитет.