Во денешниот дигитален свет, нашите финансии секојдневно се изложени на ризик, бидејќи сè повеќе купувања, плаќања и други трансакции се извршуваат преку мобилни телефони. Без разлика дали сме дома, на работа, на одмор или на плажа, плаќањата се едноставни и брзи, но ова носи и потенцијални опасности. Сите сме слушнале за обиди за злоупотреба на картички и лични податоци, а некои од нас доживеале и ситуација кога картичката е „олеснета“, по што следуваат стресни посети во банката и недели чекање дали средствата ќе се вратат.
Токму затоа, банките ја нудат услугата Систем за мониторинг на измами во реално време, која обезбедува целосна заштита на вашите трансакции 24/7.
Како функционира системот за мониторинг на измами во реално време?
Системот работи како ваш “невидлив чувар” кој постојано ги следи сите ваши трансакции. Доколку при одредена трансакција се детектира сомнителна активност, системот испраќа нотификација до банката. Банките имаат свои дефинирани правила, кога системот да алармира за сомнителна активност, а кога директно да направи одбивање на трансакцијата поради можна измама. Банките потоа ги преземаат потребните мерки за да ја заштитат вашата сметка и да спречат евентуална измама.
Предности на услугата:
- Постојана заштита: вашата сметка е под постојан мониторинг, без разлика каде се наоѓате.
- Реално време: секој сомнителен настан се идентификува веднаш, овозможувајќи брзо реагирање.
- Сигурност: системот користи највисоки стандарди за заштита на вашите податоци.
- Лесно користење: без потреба од сложени процедури, трансакциите се автоматски заштитени.
Зошто да ја користите услугата?
Од перспектива на крајните корисници, системот се грижи за сите можни типови на трансакции правилно да функционираат, како и за можните ситуации кои може да се појават. Нотификација за генериран алерт и за одбивање на трансакцијата се испраќа од системот до банката, секогаш кога има веројатност дека некој друг се обидува да ја злоупотреби вашата картичка.
Со оваа услуга можете да бидете сигурни дека вашите трансакции се постојано под мониторинг, а сите сомнителни активности ќе бидат откриени и спречени веднаш.
Оваа услуга за своите партнерски банки ја обезбедува КаСис, единствениот процесор во областа на картичното работење во државата.