E-commerce инженер
CaSys нуди динамична и технолошки напредна работна околина, во која вработените се фокусирани на резултати и имаат можност за професионален развој. Нашиот тим од експерти ја предводи платежната картична индустрија благодарение на своето искуство, иновативност и амбициозност. Посветено работиме да обезбедиме највисок квалитет на услуги и екпертиза за нашите клиенти.
За нашиот растечки тим, бараме E-commerce Инженер на систем за процесирање на плаќања, со или без работно искуство, кој ќе го даде својот придонес во надгледување, одржување и тестирање на системите за процесирање на дигитални плаќања.
Кои ќе бидат Вашите задачи:
- Креирање и извршување на мануелни тестови за потврда на функционалноста на сервисите на системот за електронска трговија cPay, вклучувајќи го процесот на 3DS2 автентикација преку меѓународните мрежи Mastercard/VISA и банките издавачи на картичката.
- Идентификување, репортирање и следење на дефекти кои биле забележани за време на тестирањето
- Спроведување на дневни процедури за следење на системските процеси и ресурси
- Комуникација со e-commerce трговци, анализа и и разрешување спорни трансакции
- Поддршка при конфигурација и параметризирање на системот, мануелно и функционално тестирање на нови верзии
- Водење прецизна и детална документација од тестирање на сервиси и на процедури, ажурирање на постоечка техничка документација
- Соработка со други тимови за разрешување на проблеми и подобрување на квалитетот на системот и услугите
Кој сте Вие:
- Заинтересирани за нови технологии, уживате во следење на новите трендови во индустријата за дигитални плаќања и сте заинтересирани да научите повеќе
- Отворена и комуникативна личност, способност за работа во тим, но и превземање за сопствена одговорност и проактивност во работата
- Имате солидни технички и аналитички вештини, желба за континуирано учење и усовршување
- Познавање на англиски јазик на напредно ниво
- Работно искуство со платежни системи ќе се смета за предност
Што ќе добиете:
Ова е одлична можност за Вас да се придружите на компанија која е лидер во платежната индустрија, да го градите вашиот кариерен пат и да стекнувате вештини преку користење на иновативни алатки и технолошки решенија. Ќе растете, ќе се развивате и ќе бидете дел од неверојатен тим на професионалци. Нудиме флексибилни услови за работа и компететивен пакет на плата и бенефиции за вработените.
Доколку сметате дека сакате да ни се придружите, испратете го вашето CV на contact@casys.com.mk и со задоволство ќе ве контактираме.
КаСис АД замолува во Вашите апликации да не доставувате чувствителни податоци како националност, вероисповест и детали за приватниот живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју.