Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Скопје, 25 октомври 2023; Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД.

КаСис како еден од клучните партнери во реализацијата на овој извонредно важен проект успеа во исклучително краток временски период да ги изработи студентските картички за да овозможи навремен пристап до средствата на што е можно поголем број на студенти, притоа запазувајќи ги сите сигурносни стандарди и критериуми за квалитет и безбедност во процесот на изработка како и непречено комплетирање на сите законски процеси поврзани со издавањето на истите.

„Среќни сме што со ова партнерство одигравме значајна улога во овој проект со изработката на картичките кои имаат за цел да го подобрат студентскиот стандард.  Нашиот тим работеше напорно за да обезбеди брзо издавање на овие картички, притоа како и секогаш придржувајќи се до најстрогите безбедносни стандарди. Сертификатите од страна на меѓународните мрежи како што е Виза се доказ за квалитетот на нашата работа, а овој проект уште еднаш ја докажа нашата лидерска улога во индустријата на платежните услуги и посветеност да обезбедиме беспрекорни и сигурни финансиски решенија.”, изјавија од Управниот одбор на КаСис.