Филомена Пљаковска-Аспровска, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на CaSys AD, единствениот процесор во областа на работењето со картички, електронската трговија и сертифицираното биро за персонализација на картички во Република Северна Македонија.
По вокација – дипломиран електротехника, Катедра за електроника и телекомуникации, магистерски студии на Економскиот факултет на УКИМ, алумни на Шулих школата за бизнис, Универзитетот Јорк во Торонто Калифорнија и соработник на Келог Факултетот за менаџмент САД. Таа е застапник и мотиватор на мотото дека учењето е процес кој не завршува, а секоја инвестиција сама по себе е вредност за компанијата, околината и општеството во кое живееме.
Работната кариера ја започнала како системски администратор во компанијата, потоа како Секторски директор и два мандата член на Управниот одбор.
Во текот на 18-годишното работно искуство како експерт, таа има можност да учествува во многу значајни проекти за имплементација на иновации и нови производи во областа на картичката индустрија. Горда на нејзиниот тим од компанијата за првите успешни персонализирани чип-картички во земјава, имплементацијата на највисоките безбедносни стандарди за безбедност на податоци PCI DSS и ISO27001, воведувањето на безбедна е-трговија со 3D модел и многу други проекти.
Воедно, таа е член на Националниот совет за платни системи при НБРНМ и на комисијата за поттикнување на безготовинско плаќање со активно учество и максимална поддршка во иницијативите за поттикнување и подобрување на користењето на каналите за електронско плаќање.
Во текот на нејзината кариера била ангажирана како говорник и панелист на повеќе домашни конференции од областа на платните системи, безбедноста на плаќањата со картички и теми од областа на електронската трговија.
Мисијата и целите продолжуваат да се остваруваат преку континуирана професионална соработка со банките и целиот екосистем во кој работи компанијата за рамноправно учество во современите глобални дигитални економии.