Политика на приватност

Заштитата и безбедноста на податоците за клиентите и корисниците претставува приоритет за нашата компанија. Интернационален Картичен Систем (КаСис) сериозно ја сфаќа безбедноста на вашите податоци и  се придржува до највисоките стандарди за заштита на податоците при собирање и нивна обработка во сите деловни процеси.

Оваа политика на приватност објаснува какви информации се собираат при  Вашата посета на нашата веб-страна, како ние управуваме со нив  и со кого се споделуваат тие податоци. Вашата посета на други сајтови преку нашата веб-страница не е предмет на оваа Политика.

Контролор на личните податоци

Контролор на Вашите лични податоци на кои се однесуваа оваа Политика на приватност е:

Интернационален Картичен Систем АД Скопје, со седиште на бул. Кузман Јосифовски – Питу бр.1, Скопје, Република Северна Македонија.

 

Во молиме, имајте предвид дека КаСис како Контролор оваа Политика на приватност може да ја менува од време на време.


Категории на податоци кои се собираат и обработуваат

Кога ги посетувате нашите веб-страни (www.casys.com.mk/www.cpay.com.mk), нашиот веб-сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на Интернет страната.

Со цел да се подобри корисничкото искуство и да се приспособи посетата на нашата веб-страница според вашите потреби и навики КаСис запишува информации и во форма на “Cookies”. Дополнителни информации поврзани со користењето на “Cookies” можете да најдете тука.

Кога посетителите на нашата веб-страна оставаат коментари на страницата, се собираат податоците прикажани во формуларот за коментари, а исто така и IP адресата на посетителот. Коментарите на посетителите се проверуваат преку автоматизирани сервиси за детекција на спамови.

 

При барање на промена на лозинката, IP адресата на посетителот е вклучена во е-поштата за ресетирање.

Обработка на Вашите лични податоци е неопходна и во случај кога субјектот на податоците побара услуга преку нашата веб-страна или аплицира за работна позиција и во тој случај се добива согласност од страна на субјектот на личните податоци.

Напомена: При поставување на слики на веб-страната, избегнувајте поставување на слики со вклучени вградени податоци за локација (EXIF GPS). Посетителите на веб-страната можат да преземаат и извлечат податоци за локацијата од сликите на веб-страната.


Користење и проследување на лични податоци


КаСис Вашите лични податоци ги прибира и обработува исклучиво за целите за кои истите се собираат. Сите вработени во нашата компанија се обврзани и обучени да постапуваат со личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. КаСис не ги открива Вашите лични податоци на трети страни освен во случаи кога тоа е пропишано со закон, во случаи на ангажирање на даватели на услуги како обработувачи или соработка со друг контролор во согласност со Законот за заштита на лични податоци и во случаи кога Вие сте дале согласност за споделување.

Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Податоците се чуваат само онолку колку што е неопходно за да се исполни целта за која истите се собрани и во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци. 

Кои се вашите права?

Вие имате право:

  • на пристап до вашите лични податоци, како и обезбедување на одредени информации во врска со нив, како што е целта за која се обработуваат, лицата на кои им се откриени и периодот за кој ќе се чуваат
  • да побарате од нас да ги исправиме сите неточности на вашите лични податоци без непотребно одлагање на истото
  • да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци
  • да побарате од нас да ја ограничиме обработката на Вашите лични податоци
  • да ги добиете назад личните податоци кои сте ни ги доставиле

Вашите права можете да ги остварите преку поднесување на писмено барање до КаСис на контакт податоците наведени во делот Контакти.

Безбедност

КаСис ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци заради спречување на неовластен пристап, неовластено откривање, бришење или евентуална нивна злоупотреба. Безбедносните процедури на КаСис се предмет на редовни контроли и проверки и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.  

Контакти

Доколку имате прашања во врска со Политиката на приватност на КаСис при користењето на нашата веб-страна, сакате некој податок да биде корегиран или избришан или било какви други прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци Ве молиме контактирајте не на следниве адреси:

Интернационален Картичен Систем АД – Скопје

Кузман Јосифовски- Питу бр.1, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

+389 2 3293 833

contact@casys.com.mk

 

Офицер за заштита на лични податоци:

Marija.daniloska@casys.com.mk

+389 2 3293 847

Вашата лични податоци добиени од овој контакт нема да се користат за ниту еден друга намена.