About Filomena Pljakovska Asprovska

 

A Филомена Пљаковска-Аспровска, Главен Извршен Директор и претседател на Управен Одбор на КаСис АД, единствен процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички во Република Северна Македонија. По вокација Дипломиран инженер по електротехника, насока Електроника и телекомуникации, магистрант на Економскиот факултет при УКИМ, алумни на Schulich School of Business, York University Toronto CA и стипендист на Kellog School of Management USA. Поборник и мотиватор на девизата дека учењето е процес кој не завршува, и секое вложување во себе е вредност за компанијата, окружувањето и општеството во кое живееме. Својата работна кариера ја има започнато на позиција Систем администратор во компанијата, потоа како Директор на сектор и во два мандати член на Управен одбор. За време на своето 18 годишно работно искуство, како експерт има можност да учествува во многу значајни проекти за имплементација на иновации и нови продукти од доменот на картичната индустрија. Горда на својот тим од компанијата за првите успешни персонализирани картички со чип во државата, имплементацијата на највисоките сигурносни стандарди за обезбедување податоци PCI DSS и ISO27001, воведување безбедна е-трговија со 3D модел и многу други проекти. Истовремено членува во националниот совет за платни системи при НБРСМ и комисијата за поттикнување на безготовински плаќања со активно учество и максимална поддршка во иницијативите за поттикнување и подобрување во користењето на електронските канали за плаќање. Во текот на кариерата ангажирана е како говорник и панелист на повеќе домашни конференции од областа на платните системи, безбедноста при картичните плаќања и теми од областа на електронската трговија. Мисијата и целите продолжува да ги остварува преку континурана професионална соработката со банките и целиот екосистем во кој делува компанијата за рамноправно учество во модерните глобални дигитални економии.