back

Сервиси

Основната цел на компанијата е на клиентите да им понуди зголемување на обемот и квалитетот на електронските плаќања со картички, оставајќи им на банките и другите организации време и простор за нивната основна дејност.

Switching (routing) на авторизации кон други банки или процесори иницирани на CaSys International мрежата на банкомати и ПОС-ови од картички (MasterCard, Visa, домашни) издадени од домашни или странски банки;

авторизации (on-line/off-line) иницирани на банкомати и ПОС-ови од картички (MasterCard, Visa, домашни) издадени од домашни или странски банки;

персонализација на картички за домашни и странски банки, како и за други организации (ембосирање, термичка обработка, indent-печатење, со чип-технологија, со магнетна лента, хибридни);

генерирање на ПИН-ови;

Card management на дебитни, кредитни, proprietary, loyalty картички;

клиринг на трансакции од домашни и меґународни картички, како и меґубанкарско порамнување на трансакции од домашни картички;

разрешување спорни трансакции;

дефинирање, софтверско одржување и 24 часа мониторинг на банкомати/ПОС за работа во мрежата на CaSys International;

сертификација на модели на банкомати и ПОС-терминали;

дежурен сервисен центар кој работи 24 часа 365 дена во годината.

Сервиси