back

Сертификати од меґународни мрежи

Интернационален Картичен Систем АД-Скопје од јули 2010 година на официјалните интернет-страници на меґународните мрежи Visa и MasterCard се најде на листата на светски и европски сертифицирани картични процесори согласно Стандардот PCI DSS, кој е на највисоко ниво.

Сертификатот на КаСис му овозможува:

авторизација на трансакции;

клиринг и порамнување;

3-D Secure ACS;

електронска трговија со платежни картички (E-Commerce);

персонализација на картички;

процесирање на трансакции.

Што претставува Стандардот PCI DSS?

PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) е стандард кој има цел да осигури највисока безбедносна заштита на картичното работење и заштита на имателите на платежни картички.

PCI-стандардот има 6 целини поделени во 12 поглавја кои КаСис во потполност ги исполнува:

  1. Изградба и одржување на сигурна мрежа;
  2. Заштита на податоците на имателите на катички;
  3. Програма и заштита од надворешни упади;
  4. Имплементација на мерки за контрола на пристап до податоци;
  5. Континуиран надзор и тестирање на мрежата;
  6. Одржување на политиките на сигурност на информациите.

КаСис според критериумите на меґународните мрежи Visa и MasterCard припаґа во -"Level 1" категорија што значи за:

Visa:

VisaNet процесор или давател на услуги, што обработува/пренесува повеќе од 300.000 транцакции годишно;

валидациска активност: годишна проверка на овластена компанија од страна на MasterCard и VISA и кварталено внатрешно и надворешно скенирање на телекомуникациска мрежа;

надворешен penetration тест.

MasterCard:

TPP-и и DSE-и процесор што обработува/пренесува повеќе од 1.000.000 MasterCard и Maestro транцакции годишно.

Информации