back

Правна напомена

Користење на веб страната на CaSys

Целата содржина на веб страната на CaSys е предмет на авторско право со сите задржани права. Вие може да сочувате или да отпечатите одделни страници и/или делови од веб страната на CaSys во случај да не ги бришете забелешките за авторско или друго право поврзано со сопственост. Дополнување или копирање на друг начин на веб страната CaSys не Ви дава никакво право на сопственост, без разлика дали се работи за софтвер или за друг материјал, не можете да го копирате (целосно или во делови), да го емитувате (по електронски или друг пат), да вршите промени, да поврзувате, да го користите за каква било јавна или трговска цел, веб страната на CaSys, без претходно наше одобрение.

Без обврзаност

Информациите мислењата содржани во веб страната се објавуваат од страна на CaSys само за лична употреба и за информирање и подлежат на промени без претходна најава.

Без гаранции

Информацијата и мислењата содржани во веб страната на CaSys се дадени без гаранции од каков и да е вид, како експлицитно изречени така и информации коишто се подразбираат.

Ограничувања на одговорност

При никакви околности, вклучувајќи (без ограничувања) небрежност, CaSys не сноси одговорност за какви било загуби или повреди, вклучително и (без ограничувања) секакви директни или индиректни или задоцнети повреди.

Поврзани веб страни

Во случај да добиете пристап до други веб страни преку веб страната на CaSys, може да се случи да излезете од веб страната на CaSys. CaSys нема направено ревизија на кој и да било сајт, поврзан со веб страната на CaSys и не потврдува и не прима никаква одговорност за содржината на таквата веб страна, како и за продуктите, услугите или друго - понудено преку таквата веб страна.

Локални законски ограничувања

Веб страната на CaSys, не е насочена кон никое лице под чија и да е јурисдикција, за кого пристапот до веб страната на CaSys е забранет. Лицата кои имаат соодветни забрани, не треба да имаат пристап до веб страната на CaSys.