back

Кариера

Kомпанијата која е единствен процесор за обработка на трансакции со платежни картички ја сочинува тим на експерти со долгогодишно искуство. Во КаСис силно веруваме во постојан професионален развој и поддржуваме иновација во секој домен. Тимскиот дух e првата вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.

Во КаСис, ние ја споделуваме нашата експертиза, негуваме размена и цениме различни пристапи. Почитта, сигурноста, посветеноста и професионалноста нè дефинираат.

Доколку се препознавате во овие вредности, аплицирајте и станете дел од тимот ориентиран кон заеднички успех.

Отворени позиции:

Инженер на системи | Систем Администратор | Бизнис Аналитичар | ИТ Ревизор



Детали за работна позиција:

Инженер на систем

Образование

ВСП степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование, од Факултет за информатички науки и компјутерско ининженерство / Електротехнички факултет и информациски технологии

Опис на работно место и одговорности:

Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи;

Администрација на апликации;

Мониторирање на уреди и комуникациски линии;

Администрирање на канали на плаќања и веб сервис;

Анализа на податоци;

Изработка на кориснички упатства и технички спецификации;

Познавање на работа со база на податоци и дизајн на ИТ Системите;

Способност:

Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;

Тимски дух, позитивен став и однесување;

Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;

Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;

Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

Познавање на англиски јазик читање и пишување;

Работно искуство поврзано со картично работење ќе биде земено како предност;

Познавање на SQL/SQL Plus ќе биде земено како предност;

Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.



Систем Администратор

Образование

ВСП степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование, од Факултет за информатички науки и компјутерско ининженерство / Електротехнички факултет и информациски технологии

Опис на работно место и одговорности:

Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;

Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);

Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;

Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;

Администрирање на регуларни резервни копии;

Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;

Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;

Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;

Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE);

Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS;

Администрирање на Domain Controller.

Способност:

Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;

Тимски дух, позитивен став и однесување;

Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;

Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;

Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

Познавање на англиски јазик читање и пишување;

Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.



Бизнис Аналитичар

Образование/искуство

ВСП степен стручна подготовка – Економски факултет;

Најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на платните системи и финансиските пазари и менаџирање, познавање на англиски јазик, работа со компјутер.

Опис на работно место и одговорности:

Подготовка, анализи, предлози за финансиска технологија;

Инoвативност на нови деловни модели, процеси или производи со придружен материјален ефект врз финансиските пазари и институции;

Нови светски иновативни финансиски услуги;

Анализа на податоци;

Изработка на упатства и спецификации;

Идентификува можности за пораст на пазарот на постоечките услуги и на нови услуги поврзани со дигитализацијата, картичните услуги и безготовинско плаќање;

Познавање на законски прописи поврзани со финансиски институции.

Способност:

Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;

Тимски дух, позитивен став и однесување;

Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;

Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;

Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

Способност за комуникација, преговарање и убедување;

Вештини за презентирање;

Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.



ИТ Ревизор

Образование

Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки, со најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик

Опис на работно место и одговорности:

Спроведување ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на ИТ системи и предлагање на мерки за нивно надминување;

Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки;

Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива (Закон за лични податоци) и меѓународните стандарди ISO 27000, ISO 20000 и PCI DSS;

Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем;

Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи;

Соработка со надворешни ревизорски контроли;

Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Друштвото согласно барањата на меѓународните мрежи Мастеркард/Виза, законски регулативи и стандарди.

Способност:

Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft и Linux околина;

Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;

Тимски дух, позитивен став и однесување;

Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;

Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;

Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

Способност за комуникација, преговарање и убедување;

Вештини за презентирање;

Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.



Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на е-маил contact@casys.com.mk, или на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 14.06.2021 година.



Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.

Информации