За КАСИС АД СКОПЈЕ

КАСИС АД Скопје е компанија основана во 2001 година и е првиот и единствен процесор во Република Македонија, која од локални рамки во 2004 година прерасна во сертифициран процесинг центар од регионален размер.

Основната дејност на КАСИС АД Скопје опфаќа процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар.

Картичната индустрија прединачи со својата иновативност, а континуираните промени во технологијата ги мотивираат банките постојано и трендовски да нудат нови функционалности, квалитетни услуги, висок степен на заштита при плаќањата како и оптимизација на трошоците за процесирање. КАСИС е партнер на банките со кого тие ги исполнуваат зацртаните цели и планови. Позади КАСИС стои стручен тим на професионалци со повеќегодишно работно искуство во областа на картичното работење кои се подготвени, во секое време, да им овозможат на банките квалитетна услуга и да одговорат на нивните барања и потреби.

КАСИС со препораки за мерки за превенција

Интернационален Картичен Систем АД Скопје – КаСис, процесор за обработка на трансакции со платежни картички и биро за персонализација, целосно ги поддржува заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

Комуникацијата и координацијата помеѓу КаСис и Македонските банки се одвива континуирано на дневна основа и се превземаат мерки и активности согласно развојот на состојбите.

Апелираме до сите граѓани да се користат електронските канали за плаќања на услугите.

Апелираме како општествено одговорна Компанија доследно да се следат препораките на Министерството за здравство и Владата бидејќи здравјето на сите нас е заедничка одговорност.